fbpx

Комби што превезувало ученици во Гостиварско, излетало од патот, 14 лица се повредени

-

14 лица се повредени откако попладнево на локалниот пат за гостиварското село Падалиште, излета комби со гостиварски таблички, со кое се превезувале ученици. Во сообраќајната несреќа, тешки телесни повреди добија едно 10-годишно девојче и две возрасни лица.

Тие по укажаната лекарска помош во гостиварската болница, со итно возило се препратени на скопските клиники. На другите лица им се вршат прегледи во болницата во Гостивар, по што ќе бидат задржани или пуштени на домашно лекување.

– За жал, девојчето е во животна опасност со повреди во главата и веднаш е препратено на скопските клиники. Кога стигнаа повредените, го мобилизирав целиот медицински персонал и одлучено е тие што се во нашата болница, да бидат под опсервација тука 24 часа. Кај нив состојбата е стабилна – изјави директорот на гостиварската болница, Илбер Адеми.

Сите повредени патници се од гостиварското село Падалиште, меѓу кои и 47-годишниот возач на комбито. Полицијата работи на расчистување на сите детали поврзани со случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Голем пожар во зградата на старата Берза во Копенхаген

Голем пожар избувна утрово во зградата на поранешната Берза во Копенхаген од 17 век – една од најпознатите знаменитости на данската престолнина. Пожарот го проголта кровот на историскиот објект...