Министерството за внатрешни работи информира дека минатиот викенд на граничниот премин Ќафасан, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода 26-годишната А.М.К.Б. од Колумбија.

При граничната контрола и по проверките во оперативната евиденција било констатирано дека ја бара СВР Охрид. Таа е предадена во полициска станица за понатамошна постапка.