fbpx

„Кока-кола“ ќе отпушти 1.800 вработени

-

Производителот на безалкохолни пијалоци „Кока-кола“ најави дека во наредните неколку месеци ќе укине од 1.600 до 1.800 работни места во своите претставништва во светот, односно еден процент од целокупниот број вработени. Ова ќе биде дел од процесот на намалување на трошоците на компанијата. Со оваа мерка, компанијата се надева дека ќе скрати трошоци од три милијарди долари.
„Кока-кола“ веќе почнала да ги извества своите вработени во седиштата низ САД. Компанијата има вкупно 130.600 работници низ светот.
Претходните големи отпуштања, „Кока-кола“ ги имаше во 2000 година, кога компанијата отпушти 5.200 работници во повеќе од 200 земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...