Бискупката Маријан Едгар Баде, чиј директен апел до претседателот Трамп за милост во име на имигрантите и ЛГБТ заедницата беше во центарот на вниманието, каде што јавно го критикуваше Трамп за време на неговиот прв мандат, пренесува Њујорк Тајмс.
Бискупката Баде, која има 65 години, е првата жена што служи како духовен лидер на Бискупската епархија на Вашингтон и ја води епархијата од 2011 година.
Пред да се пресели во Вашингтон, таа поминала речиси две децении како ректорка на Бискупската црква „Свети Јован“ во Минеаполис. Дипломирала на Универзитетот во Рочестер, во северниот дел на Њујорк, а дел од детството го поминала во Њу Џерси, а дел во Колорадо.
Од минатото лето, нејзината епархија, која го вклучува Националниот катедрален храм, планираше да одржи молитвена служба ден по инаугурацијата, без разлика кој ќе ја добие претседателската функција. Независно од резултатот, бискупката Баде изјави дека има намера да проповеда.
Во 2020 година, Бискупката Баде напишала мислење во „Њујорк Тајмс“ во кое изразила „гнев“ и „ужас“ поради користењето на Библијата од страна на Трамп, кој ја крена високо пред црквата „Свети Јован“ откако полицијата употреби солзавец против демонстрантите за расна правда во блискиот Лафајет Сквер. Таа напиша дека Трамп „користел свети симболи“ додека „застапувал ставови спротивни на Библијата“.
При незјиниот говор таа ги спомена луѓето од ЛГБТ заедницата и имигрантите. одговарајќи на напорите на претседателот за сузбивање на нелегалната имиграција и укинување на федералните заштити за трансродовите лица.
Епископката изјави дека единството бара искреност, понизност и препознавање на достоинството на сите луѓе преку „одбивање да се потсмеваш, омаловажуваш или демонизираш.“
Трамп не уживаше во службата, главната причина поради тоа што бискупката даваше говор на темите кои што он сака целосно да ги отргне. Подоцна во текот на денот, тој им изјави на новинарите дека службата „Не беше возбудлива, можеле да се потрудат многу повеќе во организацијата“.