fbpx

Кој е Силјан Аврамовски, шефот на работната група за реформи во системот за прислушување

-

Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), министер за внатрешни работи, заменик-директор во УБК, одговорен за соработка со тајните служби на пријателски земји, во времето на Сашо Мијалков. Ова се највпечатливите функции на Силјан Аврамовски, кој како претставник на МВР е назначен за претседател на работната група, составена од 29 членови, за спроведувањето на реформите во системот за следење на комуникациите.

Аврамовски, според биографијата, е професионалец во службата, кој од дипломирањето на Факултетот за безбедност во Скопје целата своја кариера ја поминал во МВР, односно во УБК. Важи за експрет за антитероризам.

Во неговата „биографска лична карта“ на „Википедија“ во графата политичка партија стои – СДСМ.

Силјан Аврамовски е роден на 10 април 1960 година во Скопје.

  • 1983 – дипломира на Факултетот за безбедност во Скопје, по што се вработува во МВР, каде постепено напредува, извршувајќи повеќе функции од приправник, преку инспектор во Карпош, главен инспектор во Втората управа за спротивставување на меѓународен и внатрешен тероризам во Службата за државна безбедност (СДБ), до началник на Управата за контраразузнавање во ДБК,како и помошник-директор за оперативни работи на Управа за безбедност и контраразузнавање.
  • Февруари 2003 – јуни 2004 година Аврамовски е директор на Управата за безабедност и контраразузнавање.
  • 2 јуни 2004 – 17 декември 2004, Аврамовски беше министер за внатрешни работи.
  • 2006 година до денес – Останува на висока позиција во УБК, како заменик-директор во службата, фунцкија што ја извршува и за време на владата на Никола Груевски и директорувањето на Сашо Мијалков со УБК.

Во времето додека Аврамовски е привремен директор на УБК, а министер за внатрешни работи е Љубомир Михајловски  – Џанго, на 31 декемри 2004 година, се случува апсењето на Калид ел Масри, германски државјанин со либанско потекло.

Масри беше уаспен на граничниот премин Табановце под сомение дека е терорист на Ал каеда. По 23 дена испрашување во еден скопски хотел, македонските безбедносни служби го предаваат Масри на ЦИА, чии агенти го носат во Авганистан. Таму бил мачен пет месеци, сè додека агентите на ЦИА не утврдиле дека станува збор за погрешен човек. Масри потоа бил пренесен во Албанија и таму ослободен.

Во октомври 2013 година, Силјан Аврамовски беше лустриран за случајот „Темел“. Станува збор за следење на организаторите на студентските протести и членови на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ во 1997 години, кога Аврамовски бил началник на првата управа во УБК.

Според образложението на Комисијата за лустрација, тој давал или одобрувал дејствувања со кои се кршени основните човекови права и слободи на граѓаните од идеолошко-политички причини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...