Кои се надворешните советници на премиерот Христијан Мицкоски

Листата на советници беше објавена откако на последната прес-конференција на премиерот новинарка го постави прашањето зошто не се јавно достапни нивните имиња и колкави се нивните примања

-

Тројца поранешни функциониери од времето на владеењето на Никола Груевски, кој ужива азил во Будимпешта, се меѓу 17-те советници на сегашниот премиер и негов наследник на чело на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Станува збор за Трајко Вељаноски, поранешен претседател на Собранието, Зоран Ставрески, поранешен министер за финансии и вицепремиер, како и Владимир Пешевски, поранешен вицепремиер за економски прашања.

Трајко Вељановски беше еден од обвинетите и осудени за нападот на Собранието на 27 април 2017 година или т.н. „Црн понеделник“, кога тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ се противеше на мирното предавање на власта откако не успеаа да состават влада. Иако беше осуден, Апелациониот суд во 2023 година му ја укина пресудата, нему и на останатите осудени, и случајот „Организатори на 27 април“ го врати на повторно одлучување. Во декември минатата година, обвинителството одлучи да се повлече од судењето на „Огранизаторите на 27 април“, поточно за Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Зоран Ставрески, пак, е венчален кум на поранешниот премиер Никола Груевски, кој во задучувачки пресврт на настаните, во ноември 2018 година откако беше осуден на казна затвор, пребега од државата. Ставрески, покрај неговата финансиска експертиза, стана познат на јавноста по неговата улога во т.н. „бомби“, односно серија прислушувани телефонски разговори на раководството на тогашната власт. По подолго отсуство од јавниот живот, по локалните избори во 2021 година Ставрески се враќа во партиските тела, а сега откако ВМРО-ДПМНЕ ја освои власта е меѓу советниците на премиерот.

Владимир Пешевски, пак, беше еден од осомничените за злоупотреба во случајот „Траекторија“ на поранешното Специјално јавно обвинителство а се однесува на начинот на кој е избрана кинеската компанија „Синохидро“ за изградба на легендарниот автопат Кичево – Охрид, кој се гради повеќе од десет години, како и за автопатот Миладиновци – Штип.

Но, со измените на Кривичниот законик од страна на претходната влада на СДСМ и ДУИ со кои се скрати рокот за застарување на делата, обвинението и против Пешевски беше повлечено на барање на обвинителството. Пешевски, исто така, за време на претходната влада беше предложен како советник на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, но по реакцијата на медиумите и јавноста тој се повлече.

Кои се останатите советници и колкав им е надоместокот

Меѓу советниците на Мицкоски е и Јоханес Хајдекер, кој советник прв го најми поранешниот премиер Зоран Заев, а за него се тврди дека бил советник на германската екс-канцеларка Ангела Меркел. И наследникот на Зоран Заев, Димитар Ковачевски, го задржа Хајдекер како  советник.

Објаснувањето за Хајдекер на сајтот на владата вели: „интегриран експерт за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во канцеларијата на претседателот на Владата за подготовка на целни документи за политики, анализи и совети до премиерот и координација со другите ресорни министерства при подготовка и имплементација на владините економски политики со јасна стратешка ориентација кон процесот на пристапување во ЕУ“.

Како што се посочува во владината објава меѓу надворешните соработници кои помагаат околу процесот на преговори со ЕУ, е и амбасадорот Сашо Марковски.

За него е посочено оти е надворешен советник за надворешна политика и специјален претставник во процесот на преговори на претседателот на Владата со Европската  комисија.

Инаку, јавноста дозна за тоа кој го советува премиерот откако на прес-конференцијата на премиерот Мицкоски, новинарка го постави прашањето зошто не се објавува дневниот ред на седниците и зошто не се објавени имињата на советниците и нивните примања.

Во самиот документ објавен на сајтот на владата се вели дека „овие експерти ќе донесат вредни сознанија за развојот на политиките, економските стратегии и меѓународните односи. Со нивното долгогодишно искуство и во јавниот и во приватниот сектор, надворешните советници ќе ја поддржат Владата во донесувањето информирани одлуки кои се усогласени со најдобрите практики и националните приоритети. Активностите на Владата се водени од анализа и непристрасни совети, зајакнување на транспарентноста и стратешкото лидерство!“

Според изјавата на Мицкоски од последната прес-конференција, сите советници земаат надомест од 60.000 денари месечно, освен Хајдекер и Марковски, кои земаат 90.000 денари месечно.

Во продолжение ја пренесуваме листата на сите советници на премиерот Христијан Мицкоски:

  1. М-р Амбасадор Сашо Марковски / Надворешен советник за надворешна политика и специјален претставник во процесот на преговори на претседателот на Владата со Европската комисија
  2. Јоханес Хајдекер / Надворешен советник – интегриран експерт за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во канцеларијата на претседателот на Владата за подготовка на целни документи за политики, анализи и совети до премиерот и координација со другите ресорни министерства при подготовка и имплементација на владините економски политики со јасна стратешка ориентација кон процесот на пристапување во ЕУ
  3. Цветко Мицевски, Надворешен советник за инфраструктура
  4. Проф. д-р Гоце Наумовски / Надворешен советник за прашања од областа на правото
  5. Проф. д-р Лазар Јовевски / Надворешен советник за труд и социјална политика
  6. Проф. д-р Александар Спасеновски / Надворешен советник за европски прашања
  7. Снежана Трпевска / Надворешен советник за унапредување на образование, здравство и социјална заштита и спроведување на конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост
  8. Владимир Пешевски / Надворешен советник за стратешки прашања од областа на економијата
  9. Зоран Ставревски / Надворешен советник за финансии и банкарство
  10. Горан Николовски / Надворешен советник за стратешки прашања од областа на безбедноста
  11. Шенер Биљали / Надворешен советник за односи меѓу заедниците
  12. Трајко Вељаноски / Надворешен советник за собраниски, политички и правосуден систем
  13. Мимоза Рајл / Надворешен советник за култура
  14. Љубчо Андоновски / Надворешен советник за национална безбедност
  15. Проф. д-р Јован Пејковски / Надворешен советник од областа на политичките и економските науки
  16. Проф. д-р Даме Димитровски / надворешен советник за животна средина и клима
  17. д-р Игор Николов / Надворешен советник за реформи во здравството / (со  31.01.2025г. спогодбен прекин на договор, поради именување за Амбасадор)

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...