fbpx

Кочани и Кавадарци со субвенции за граѓаните за еколошки печки, инвертер – клими и велосипеди

-

Сто и еден граѓанин на Кочани добија субвенции од општината за купување на печки на пелети и за инвертер – клими. Најголем дел од барањата или 91, се за набавка на инвертер – клими, а само десет граѓани набавиле печки на пелети. Висината на поединечната субвенција по барател односно домаќинство изнесува 10.000 денари. Субвенционирањето се вршеше по принципот „прв дојден, прв услужен“. 

Општината преку Програмата за заштита на животната средина предвиде над 16.000 евра (1.010.000 денари) за субвенционирање на печки на пелети и инвертер – клими. Тоа е дел од мерката за намалување на продукцијата на штетни материи во воздухот кои настануваат од загревањето во домаќинствата. 

– Одбиени се само шест апликации, поради тоа што инвертер – климите или печката на пелети се купени пред почетокот на важноста на субвенционирањето – соопштија од Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање од Општина Кочани.

Дел од условите што требаше да бидат исполнети, се и барателите за субвенционирање за печки на пелети односно инвертер – клими да бидат жители на Кочани со платен данок на имот за станбениот објект каде што ќе биде инсталирана печката односно климатизерот, кои пак требаше да ги имаат купено во периодот на траење на јавниот повик.

Покрај во Кочани, надоместувањето на трошоците на граѓаните при набавка на еколошки ефикасни грејни тела и велосипеди е пракса што со години ја применува Општина Кавадарци. Локалната самоуправа секоја година распишува јавен повик за субвенционирање на горилници за печење ракија на гас. Исто така, се надоместуваат трошоците за набавка на печки на пелети и инвертер – клими.

На ваков начин, изминатата 2019 година, преку принципот на јавно извлекување, субвенции добија 65 домаќинства, од вкупно 164 кои аплицирале. На граѓаните им се надоместува дел од трошоците направени при набавка на енергетско ефикасни грејни тела во висина од 50 отсто, но не повеќе од 15.000 денари. За набавка на велосипеди Општина Кавадарци надоместува по 30 отсто од цената на набавката, односно до 5.000 денари по велоспед.

Кавадарци и Кочани се едни од малкуте општини надвор од Скопје, кои во мерките против аерозагадувањето во општинските буџети предвидуваат субвенции за граѓаните.  

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...