На клиниките во Скопје, почина едно лице од Кочани, за коe се смета дека е првозаболениот од овој град од Ковид-19. Веста ја потврди градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, кој изутрината бил информиран од семејството на починатиот.

Семејството, кое е во изолација, побарало помош од општината, бидејќи најблиските на починатиот не смеат да излегуваат од дома.

Општина Кочани најави дека ќе го организира транспортот на телото од Скопје до Кочани, додека погребот ќе се одржи според препораките, без трационалните погребни обичаи.