fbpx

Коалицијата на опозицијата „За подобра Македонија“ го смени името во „За обнова на Македонија“

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше состанок со коалиционите партнери за да ги информира за она што се случуваше на последната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски.

Коалиционите партнери разговарале за претстојните предвремени парламентарни избори и одлучиле да се преименуваат во „За обнова на Македонија“.

„Поради тешката реалност во која што живеат македонските граѓани, предложив на коалиционите партнери, Коалицијата „За подобра Македонија“ да се преименува во Коалиција „За обнова на Македонија“ и едногласно беше прифатено од страна на останатите партии, кои што се дел веќе на поранешната Коалиција „За подобра Македонија“, а од денеска ќе бидат дел на Коалицијата „За обнова на Македонија“. На Македонија и е потребна обнова после, овој арамилук кој што се случува веќе трета година по ред. Ветуваме многу работа, ветуваме расчистување со сите оние криминалии кои што се провлекуваа во минатото, расчистување со сиот оној арамилук кој што годините наназад го следат македонското општество, ги следат граѓаните на Македонија. Ветуваме реформи во многу сегменти и меѓу кои враќање на владеење на правото, бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, нула толеранција за криминалот и корупцијата. А, потоа како секундарен и терцијален приоритет економски бум и она што го зборувавме Македонија технолошки тигар на Балканот“, изјави Мицкоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...