fbpx

Книга за Охридско Езеро од комедиографот Бранислав Нушиќ

-

Во издание на „Везилка 2011“, излезе од печат книгата на знаменитиот српски писател Бранислав Нушиќ „Покрај бреговите на Охридското Езеро“, чиешто прво издание е публикувано во Белград во далечната 1892 година. Ова издание на македонски јазик го преведе писателот Ристо Лазаров.

Станува збор за ретка книга, со повеќе белешки со кои се опишуваат Охридското Езеро и околината. Во предговорот кон книгата самиот Нушиќ наведува дека најмногу се служел со советите и со упатствата на Стојан Новаковиќ и на Љубо Ковачевиќ, во тоа време академици.

Бранислав Нушиќ шестпати патувал по крајбрежјето на Охридското Езеро и напишал книга записи која содржи драгоцени документи за животот во Охрид и во Охридско во тоа време, за разликите на Македонците од другите балкански народи, за етнографските и културно-историските богатства на овој крај. Нушиќ бил конзул и службеник во конзултатот на Србија во Битола, како и директор на Народниот театар во Скопје во времето на Кралството СХС.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...