fbpx

Клубот „Ванчо Михајлов“ не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи

-

Одговорните во клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола не ги отстранија спорните содржини од социјалните мрежи иако рокот за тоа истече, а денеска истекува и рокот за останатите препораките во однос на името и содржината, беше истакнато денеска на прес-конференција на Комисијата за заштита од дискриминација (КСЗД). Оттаму рекоа дека ако не се следат препораките, ќе следува прекршочна постапка.

Од Комисијата велат дека содржините на социјалните мрежи шират вознемирувачки говор во кој се величаат ликот, делото и идеологијата на Михајлов, како и дека постојат и сериозни индиции дека имаат расна и ксенофобична содржина, предизвикуваат нетрпеливост, омраза и дискриминација и го повредуваат правото и слободата на поголем број на луѓе.

Весна Бендевска која е членка на Комисијата, потенцира дека иако имаат право да поведат прекршочна постапка, сепак решиле тоа да го препуштат на Основното јавно обвинителство, кое побарало од нив до достават информации и копии од спорните содржини објавени од страна на клубот на социјалните мрежи. Таа кажа дека спорните содржини упатуваат не само на вознемирувачки говор, туку постојат сериозни индиции дека се повредуваат правата на поголем број на луѓе, а тоа упатува на одредби од членот од Кривичниот закон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...