Клиниката за дигестивна хирургија доби нова медицинска апаратура вредна еден милион евра

Cо новата медицинска опрема првпат во државата денеска била изведена лапароскопска интервенција со употреба на флуоресцентен контраст

-

На Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, денеска беше пуштена во употреба нова медицинска и немедицинска опрема во хируршките сали, како и на одделот за полуинтензивна нега на оваа клиника. Станува збор за повеќе современи апарати – лапараскопски хируршки столб, електрохируршка единица со аргон плазма, апарат за трансфузија, пациент монитори, плазма стерилизатори.

Како што информираат во Министерствто за здравство, со новата медицинска опрема првпат во државата денес се изведе лапароскопска интервенција со употреба на флуоресцентен контраст.

Во посета на клиниката денеска беа министерот за здравство, д-р Арбен Таравари и заменикот министер за здравство, Јовица Андовски, како и премиерот Христијан Мицкоски.

 

 

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...