fbpx

Клиника за пулмологија: Белодробните болни да избегнуваат контакти со други лица

-

Предупредувајќи на сериозните последици од заразувањето со новиот корона вирус, Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија упати предупредувања до пациентите со хронични белодробни проблеми да бидат посебно внимателни, да се изолираат и да контактираат со соодветните медицински служби штом почувствуваат влошување на состојбата.

„Во овој период посебно внимателни треба да се лицата со астма, хронична опструктивна белодробна болест-ХОББ, цистична фиброза, хронични интерстициелни болести, хронични болести на пулмоналната циркулација, болните со екстремна дебелина, проследена со хиповентилациски синдром, лицата на имуносупресивна/имуномодулаторна терапија, како и болните со малигни болести на белите дробови и плеврата)“, посочуваат лекарите од клиниката.

Во соопштението од Пулмологија и алергологија се препорачува болните со хронични белодробни заболувања да бидат во самоизолација, да избегнуваат непотребни контакти со други лица, вклучително и со роднини и пријатели. Се потсетува и на личната хигиена – миење раце, недопирање на уста, нос и очи, а ако некој има хронична кашлица или други симптоми, сите материјали и средства за заштита на другите (како маски) што ги користи да ги исфрла во најмалку две вреќи за ѓубре.

Потребно е болните да имаат свој прибор за лична хигиена, крпи, садови, кои ќе бидат адекватно означени, за да не се мешаат со другите членови на фамилијата.

Потребна е и дезинфекција на површините во домот со алкохол или со средства за дезинфекција на база на алкохол. Болните да не прекинуваат со употреба на веќе препишаната редовна терапија за контрола на нивната болест.

Во случај на влошување на состојбата, болните да се јават на својот матичен лекар, или во животнозагрозувачки состојби, на Итна помош и специјалистички служби, се вели во препораките од Клиниката за пулмологија и алергологија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...