Климатските промени го земаат својот данок, на Гренланд врне дожд, наместо снег

Топење на мразот на планините на Гренланд. Фото: mariohagen @ Pixabay

Климатските промени го земаат својот данок. Викендов, за прв пат во историјата на мерењата на врвот на Гренланд заврна дожд, а не снег. Температурите на врвот на Гренланд, околу 3.000 метри надморска височина, во саботата се искачија над нулата, по трет пат за помалку од една деценија. Топлиот воздух предизвика пад на екстремен дожд при што седум милијарди тони вода паднаа на ледената покривка.

Ова се најсилните врнежи над ледената покривка од почетокот на мерењата, во 1950 година. Количината на изгубена ледена маса проценетаа во неделата, била седум пати поголема од нормалната за овој период од годината.

Тед Скамбос, виш научен истражувач во Националниот центар за податоци за снег и мраз на Универзитетот во Колорадо, вели дека ова е доказ дека Гренланд многу брзо се загрева.

„Она што се случува не е само една до две топли децении во променливиот климатски модел“, рече Тед Скамбос, виш научен истражувач во Националниот центар за податоци за снег и мраз, за Си-ен-ен. „Ова е без преседан“.

Џенифер Мерсер, програмски службеник за Канцеларијата за поларни програми во Националната фондација за наука, рече дека поради значајниот настан за дожд, операциите на станицата, лоцирана на највисоката точка на ледената покривка на Гренланд, каде што научниците можат да го набудуваат времето на Арктикот и промените во мразот, ќе треба да се променат.

„Во иднина ќе треба да ги земеме предвид временските настани што не сме ги имале досега во историјата на нашите операции таму “, рече Мерсер за Си -Ен -Ен.

Како што климатските промени, предизвикани од човечки активности, ја загреваат планетата, се зголемува загубата на површината на мразот. Според извештајот на ОН за климата објавен овој месец, согорувањето на фосилните горива во последните две децении доведе до топење на Гренланд.

„Ги преминуваме праговите невидени со милениуми и искрено, ова нема да се промени додека не го прилагодиме она што го правиме на воздухот“, рече Скамбос.