fbpx

Кликањето не помага: Избирачкиот список на страницата на ДИК сè уште не се отвора

-

Можноста граѓаните да проверат дали ги има на избирачкиот список и на кое избирачко место гласаат, веќе 10 дена не е достапна. Доколку на официјалната страница на Државната изборна комисија се кликне на копчето за проверување на списокот, страницата се пренасочува кон главната страница на ДИК.

Членот на ДИК од ДУИ, Субхи Јакупи, пред два дена за „Мета“ изјави дека страницата на ДИК имала проблеми со заштитата, па списокот се појавил и на друга страница што не е под нивна надлежност.

– Избирачкиот список моментално е затворен затоа што имаше проблем со заштитата, па избирачкиот список се појави и на друга веб-страница. Од ИТ-секторот моментално прават нов начин со кој граѓаните ќе можат да ги проверат своите податоци. Откако ќе биде готова и новата методологија, и двата начини ќе бидат поставени на официјалната страница на ДИК и граѓаните ќе можат да проверат на кое избирачко место гласаат – вели Јакупи.

Ова се случува откако се појави информација од Калина Зографска, компјутерски инженер, која на својот блог тврдеше дека со избирачкиот список е направен превид што го остава списокот 100 проценти отворен за преземање, заедно со сите лични податоци на сите граѓани.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...