Поканивме лекари-експерти од Израел за повредените во Кочани, но од Израел нема полетувања заради тамошната новонастаната состојба, па тоа ќе се одложи на неодредено време. Ќе дојде од Словенија екперт за ампутации за да се погледнат опции за третман на овие повредени. За да излеземе во пресрет, одобривме контролни ппрегледи во Пирогов, тоа го побараа 6 повредени лица. Нашиот апел е дека најдоброто место за третман е Кочани. Ова денеска го истакна Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравство, кој кажа дека целата нега на повредените во катастрофата што се случи во Кочани, на долги стази ќе биде на терет на државата односно на ФЗО.
„Од треман на изгореници на белодробие, нега, психосоцијална нега – сето тоа спаѓа на терет на државата. Тие услуги се достапни во болницата во Кочани. Прво физикалната терапија се пренесе во Кочани, а оваа недела имаше 10 интервенции со плазма збогатена со тромбоцити се обавува во Кочани. Со префлрање на пулмолошките прегледи, најголем дел од здравствената заштита ќе се одвива во болницата во Кочани. Имаме 10 повредени кои се во болница. Имаме 15 лица на кои треба да им се земат мерки за компресивна облека. Препораките за употреба на компресивна облека е 2 години и во тој период ќе треба да се менува, а компресивните маски ги правиме во соработка во германска фирма“, рече Клековски.
Тој повика на смиреност кај повредените и нивните семејства, а кажа и дека од комуникацијата со центри за изгореници, не се препорачувало употреба на естетски ласерски зафати пред да поминат 6 месеци.