fbpx

„Ќе преживеат ли жените овде?“ – в среда Марш за женските права

„Во 2023 година, жените и девојките се сè уште дискриминирани во секој поглед и не остваруваат ниту еднакви права, ниту еднакви можности – ниту дома, ниту на работа, ниту во политиката или социјалниот живот“.

-

Платформата за родова еднаквост повика на Марш за женските права што ќе се одржи во среда, на 8 март, Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените.

Маршот ќе започне во 18 часот на плоштадот Филип Втори, а ќе се маршира под слоганот „Ќе преживеат ли жените овде?“.

Овој марш, велат од Платформата, е протестен одраз на случувањата во нашата земја и колективната негрижа кон жените и девојките во секој поглед – од растечките стапки на насилство, фемицидите, секојдневните социјални и здравствени неправди и економската несигурност, до високата сиромаштија која особено ги погодува жените.

„Да се биде жена во Македонија значи да се будиш секое утро во страв и да се прашуваш како и дали ќе го преживееш тој ден. Да се биде жена или девојка во оваа земја значи секојдневно да се соочуваш со ново прашање за преживување: Дали ќе го преживеам ова возење со такси? Дали ќе го преживеам овој месец? Дали ќе го преживеам браков? Дали ќе го преживеам породувањето? Дали ќе ја преживеам оваа операција? Накратко, да се биде жена во Македонија значи да се плашиш и постојано да се прашуваш „дали ќе преживеам?“, велат од Платформата за родова еднаквост.

Од таму додаваат дека во 2023 година, жените и девојките се сè уште дискриминирани во секој поглед и не остваруваат еднакви права, ниту пак еднакви можности – ниту дома, ниту на работа, ниту во политиката или социјалниот живот.

„Во 2023 година жените се соочени со политики кои не ги препознаваат нивните потреби, со институции кои не ги заштитуваат, механизми кои се слепи кон потребите за унапредување на родовата еднаквост и култура на насилство и мизогинија која постојано се шири“, се вели во соопштението на Платформата.

Протестниот марш ќе се движи по предвидената рута, а ќе заврши во паркот Жена Борец, со обраќања до јавноста и до институциите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Според извештајот на Обединетите нации, климатските промени веројатно ќе донесат ризици по безбедноста и здравјето на повеќе од 70 отсто од светската работна сила, пренесе германската новинска агенција ДПА. Меѓународната...