fbpx

Китанов: Парите од патарините ги користиме за инфраструктура, а не за жални врби

-

Износите што треба да се плаќаат за патарина на новоизградени автопатски делници веќе неколку дена се предмет на анализа, но и на реакции во јавноста. Цената на патарината на новиот пукт кај Демир Капија – Смоквица ќе биде рекордна во Македонија и ќе изнесува 100 денари. Од друга страна, директорот на ЈП „Државни патишта“, Зоран Китанов упорно тврди дека патарините не поскапуваат.

– Некој од ова сака да направи дневно популистички настани и луѓе задолжени да пишуваат по социјалните мрежи, не знам дали е во ред да кажам дека не прочитале за што станува збор. Нема никакво покачување, има намалување. Како има намалување? За десетина дена ќе ги пуштиме електронските патарини од Kоридорот 10. Секој што ќе користи картичка, ќе има бонус во зависност од сумата. Особено тоа за тешките возила, за камионите. Таму имате одредена сума и до седум отсто. Тој што има 50 камиони, на годишно ниво седум проценти, дали имате претстава колку е тоа – праша Китанов.

Според него, исправена е неправда кон мотоциклистите од последните 20-30 години.

– Значи има намалување. Нашите цени се убедливо најниски во регионот. Едно што е најбитно. Сите овие градби кога ќе завршат за неколку години, одржувањето на патната инфраструктура ќе чини околу 100 милиони евра. Парите од патарините  ги користиме за ова, за граѓаните, а не за жални врби – изјави Китанов.

На иста линија е и вицепремиерот Кочо Анѓушев, според кого сликата има друга страна, односно квалитетните патишта можат само да придонесеат во бизнисот.

– Квалитетните патишта, нормално имаат патарини. Нашите патарини се убедливо најниски во регионот. Воедно транспортот на стоките низ Македонија е најкраток. Ако станува збор за извоз, патарините низ другите земји се многу повисоки. Сметам дека таквите дискусии се неосновани – смета Анѓушев.

Не стивнуваат реакциите по објавувањето на цените на новите пунктови за патарина на Коридорот 10, како и оние што ќе се градат на автопатот Штип – Миладиновци. На оваа делница најавено е дека на двата пункта кај Кадрифаково и кај Свети Николе ќе се полаќа по 50 и по 70 денари, што знаедно со патарината Миладиновци, дневното користење на новиот автопат ќе чини 360 денари, што е за 120 денари повеќе од патувањето на релација Штип – Велес – Скопје и обратно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...