fbpx

Киппер маркети не доделува ваучери на сите што ќе напишат „Среќна нова година“

-

Наградната игра споделена во оваа објава е лажна. Страницата од која се споделува оваа лажна наградна игра не е официјалната Фејсбук страница на Киппер маркетите, туку е креирана непосредно пред да се објави лажната наградна игра, веројатно со цел да се шири невистинитата содржина и да се прибираат лични податоци од корисниците на социјалните мрежи. Официјалната страница на Киппер маркетите на Фејсбук,  изгледа многу поинаку од лажната, таа ги има сите официјални контакти на маркетот, адреса, и има над 144 илјади граѓани кои ја имаат лајкнато оваа страница, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во којшто се споделуваат фотографии од Киппер маркетот заедно со стотици изложени новогодишни пакетчиња. Во склоп на постот се вели:

Специјално изненадување за крај на годината. Ќе поделиме бесплатни ваучери за купување и специјални готовина на сите наши фанови кои ќе напишат „Среќна нова година“ на нашата страница. Пред 31 декември. Среќен Божиќ.

Во коментарите под постот се остава и линк за наводна регистрација, на којшто корисниците на социјалната мрежа Фејсбук се упатуваат да остават лични податоци со лажно ветување дека ќе добијат подароци. Постот има 243 споделувања, над 100 допаѓања и над 200 коментари што зборува за неговата виралност и вниманието кое го предизвикал кај јавноста.

Наградната игра споделена во оваа објава е лажна. Страницата од која се споделува оваа лажна наградна игра не е официјалната Фејсбук страница на Киппер маркетите, туку е крирана непосредно пред да се објави лажната наградна игра, веројатно со цел да се шири невистинитата содржина и да се прибираат лични податоци од корисниците на социјалните мрежи.

Всушност, лажната наградна игра е единствената содржина на оваа страница, заедно со неколку фотографии од Киппер маркетите кои се злоупотребени за да се добие лажен впечаток дека станува збор за официјална страница на брендот и да се влее доверба кај корисниците на Фејсбук дека учествуваат во легитимна наградна игра. Фотографиите од новогодишните пакетчиња во голем број, претставуваат мамец што треба да ги привлече корисниците на Фејсбук да ги оставаат своите лични податоци со лажно ветување дека ќе добијат награда.

Трите работи коишто се сакаат да се извлечат од корисниците на социјалната мрежа преку оваа лажна наградна игра,  се: името, адресата и мејл адресата кои тие треба да ги остават на посебен линк за регистрација. Потоа тие лични податоци може да бидат злоупотребени од страна на креаторот на лажната наградна игра и затоа не се препорачува воопшто да се споделуваат.

Официјалната страница на Киппер маркетите на Фејсбук, може да се види на овој линк и изгледа многу поинаку од лажната. На официјалната страница постојано се споделуваат и рекламираат производи од маркетот, понуди, промоции, таа ги има сите официјални контакти на маркетот, адреса, и има над 144 илјади граѓани кои ја имаат лајкнато оваа страница.

Вистиномер и претходно пишуваше дека името и брендот на Киппер маркетите се злоупотребуваат преку слични лажни наградни игри со цел собирање на лични податоци.

Во тој конкретен случај, дека станува збор за лажна наградна игра потврдија и од Киппер маркети, од каде напишаа известување.

Почитувани потрошувачи, на социјалните мрежи кружат лажни подароци и наградни игри во име на Киппер Маркет. Ве информираме и потсетуваме дека официјални страници на Киппер Маркет се само оваа страница на Фејсбук и оваа страница на Инстаграм. Доколку на Интернет ви биде побарана било каква лична информација или податоци за платежна картичка, ве советуваме да не ги праќате вашите податоци и случајот веднаш да го пријавите во секторот за компјутерски криминал при МВР. Со почит Киппер Маркет!, стои во известувањето.

Поради сите горенаведени факти, постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, 18 Април, утре ќе биде одбележан со бесплатен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе...