fbpx

Кина почна огромна воена вежба околу островот Тајван

-

Во 4 часот по Гриничко време, Кина ја почна огромната воена вежба во водите околу Тајван, во некои случаи и преминувајќи ја водената граница меѓу двете држави. Со маневрите што ќе траат до недела и предупредувањата од Кина да не се врши воден и воздушен транспорт во зоните каде се одвива вежбата практично значи дека островската земја е речиси потполно отсечена од светот, јавуваат светските новински агенции.

Најголемата воена вежба што Кина кога било ја спровела во водите околу Тајван беше закажана откако беше објавено дека по пауза од 25 години, еден од највисоките државни функционери на САД ќе ја посети островската држава. Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, беше во посета на Тајван вчера, а Кина од денеска ги остварува своите претходни закани за сериозни последици доколку дојде до таква посета.

Во меѓувреме, како што извести Би-Би-Си, во Тајван денеска атмосферата е напната, но сепак смирена. Главниот проблем е речиси целосната изолација, бидејќи сиот авионски и бродски транспорт мора да ги избегнува шесте зони каде што Кина ги врши воените маневри, па се прават премногу комплицирани маршрути за меѓународните летови и за бродовите што треба да пристигнат или да испловат од пристаништата на северот и на југот на островската земја.

Официјален Тајпеј вежбата и прогласувањето забранети зони во коишто ќе се вршат вежбите со жива муниција и проектили го оквалификува како прекршување на конвенциите на ООН и на меѓународното право.

Кина прогласи шест „забранети зони“ во водите околу островот, од каде се вршат и лансирања на ракети со долг домет.

Тајванската претседателка Цаи Инг-вен се заблагодари на членките на Г7 за нивната поддршка на регионалниот мир и стабилност, откако групата вчера ја повика Кина на надминување на тензиите во Тајванскиот теснец.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...