Кина не го прогласила милијардерот Џорџ Сорос како „глобален терорист“

Американско-унгарскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос повторно се најде во центарот на неколку дезинформации објавени во регионот

-

Американско-унгарскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос повторно се најде во центарот на неколку дезинформации објавени во регионот. Во нив се тврди дека Кина го има прогласено бизнисменот за „глобален терорист“ и „син на сатаната“. Дезинформацијата потекнува од колумна во таблоиден магазин, објавена уште во 2021 г. и го рефлектира мислењето на авторот, а не официјалниот став на Кина. Во истите објави се дезинформира и дека Русија има издадено меѓународен налог за апсење, податок за којшто Кремљ потврди дека е неточен, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме интегрално:

 

Одвреме-навреме се појавуваат, па исчезнуваат, но никогаш не се целосно отсутни различните дезинформации за американско-унгарскиот бизнисмен, Џорџ Сорос. За него постојат еден куп теории на заговор и тој се претставува како „бабарога“ за тврдата десница, ама овојпат во регионот се шири нова дезинформација дека НР Кина службено го прогласила милијардерот како „глобален терорист“.

Оваа дезинформација е стара – Ју Ес Еј Тудеј ја имаат проверено веста уште пред две години, а точноста на објавите ја имаат рецензирано неодамна и колегите од различните сервиси за проверка на факти од: ХрватскаСрбијаЦрна ГораИталијаЛитванија и САД.

Фото: Принтскрин на една од објавите во регионот

Како што може да се види од објавата погоре, се тврди дека Сорос – основачот на Фондацијата Отворено општество, бил прогласен не само како „глобален терорист“ туку и „син на сатаната“. Првиот проблем со оваа дезинформација е што е „бајата“, уште од септември 2021 г. и потекнува од колумна на кинескиот таблоид „Глобал Тајмс“, медиум што е предводен од Комунистичката партија на Кина. Другиот проблем е што не постојат никакви докази дека ова е официјалниот став на НР Кина или Комунистичката партија.

Доколку тоа беше така, немаше да дознаеме преку колумна на таблоиден магазин, односно текст напишан во формат каде што претежно се изнесуваат ставовите на авторот. Една од можните причините зошто воопшто оваа колумна цели да го оцрни Џорџ Сорос, е тоа што неколку недели претходно самиот Сорос објави своја колумна во американскиот Волстрит Журнал. Во написот тој жестоко го критикува Си Џинпинг и начинот на организирање и раководење на НР Кина, што е дијаметрално спротивен за демократските општества.

Треба да се напомене дека, според Ју Ес Еј Тудеј, назнаката „глобален терорист“ цитирана во написот на Глобал Тајмс првпат се користи од индискиот медиум Гоа Кроникл, објавен на февруари 2021 г.

Некои од објавите на социјалните медиуми споменуваат и дека Русија исто така издала налог за апсење на Сорос. Меѓутоа, ниту ова не е вистина.

Точно е тоа дека Русија официјално ја забрани Фондацијата на Сорос во 2015 година, односно дека е непожелна на територијата на Руската Федерација. Поточно, руското обвинителство утврдило дека работата на Фондацијата претставува закана за „уставниот поредок“ во земјата. Но, во официјална изјава за Асоушиејтед Прес од Кремљ потврдија дека рускиот претседател Владимир Путин не барал меѓународно апсење на американско-унгарскиот филантроп.

 

Инаку, „десороизацијата“ нам ни е добро позната од времето на експремиерот и сегашен азилант во Унгарија, Никола Груевски, кој користеше децидно анти-Сорос реторика, обвинувајќи ја Фондацијата дека „провоцираат ‘вандализам и анархија’ и ‘варварски’ повикуваат на насилни демонстрации против неговата влада“. Реторика што беше користена и од граѓанското движење „СОС“ – Стоп операција Сорос, која ги имаше истите ставови како тогашната влада и водеше борба за десороизација во државата.

Фото: „Стоп операција Сорос“ протести. (Фотографијата е искористена со одобрување од авторот, Роберт Атанасовски) 

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...