fbpx

Кина набавува нови болнички кревети, напливот на ковид пациенти предизвикува загриженост

-

Во градови ширум Кина се поставуваат болнички кревети и се градат клиники за откривање треска, бидејќи властите пријавија уште пет смртни случаи, пишува Ројтерс. Меѓународната загриженост се зголеми после изненадувачката одлука на Пекинг да ги укине сите мерки и да го „ослободи“ вирусот. Кинеските власти овој месец го укинаа строгиот режим на локдаун по протестите против ограничувањата што го држеа вирусот под контрола три години, но за тоа општеството и втората по големина економија во светот платија голема цена.

Како што објавува Ројтерс, на населението кое брои 1,4 милијарди луѓе, му недостига природен имунитет кој бил долго време штитен. Расте загриженоста за можните смртни случаи, мутациите на вирусите и влијанието на целата ситуација врз економијата и трговијата.

„Секој нов епидемиски бран во друга земја носи ризик од нови варијанти. Сегашниот бран во Кина ќе биде голем“, рече Алекс Кук, продекан за истражување на државниот универзитет вво Сингапур, поточно од Школата за јавно здравје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...