fbpx

Кина ќе изгради 30 нуклеарни електрани долж Патот на Свилата

-

До 2030 година, Кина планира да изгради 30 нуклеарни електрани, изјави претседателот на Националната кинеска нуклеарна компанија, Сун Кин.

Тој рече дека вкупно 70 држави планираат или ги развиваат своите нуклеарни проекти.

– Ние се соочуваме со силна конкуренција на меѓународниот нуклеарен пазар – изјави Кин.

Тој додаде дека земјите како Русија, Јужна Кореја, Јапонија и САД, агресивно го истражуваат глобалниот нуклеарен пазар.

Рутата по која ќе се градат електраните ги опфаќа деловите долж земјоделскиот појас на Патот на Свилата и поморскиот Пат на Свилата на 21 век. Оваа иницијатива ја предложи претседателот на Кина, Си Џинпинг, за зајакнување на регионалната економска интеграција и за инфраструктурно поврзување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...