fbpx

Кина ќе ги казни поддржувачите на далај лама

-

Кина остро ќе ги казни претставниците на Тибет кои го поддржуваат далај лама, прогонетиот тибетски духовен лидер и добитник на Нобелова награда.

„Глобал тајмс“ објави дека кинеската антикорупциска комисија побарала од претставниците на Тибет да се фокусираат на „уништување на сепаратизмот и на одржување на социјалната стабилност“.

Кинескиот дневник, цитирајќи го претставникот на инспекцискиот тим Централна комисија за дисциплина и инспекција (ЦДИ) на Комунистичката партија, Је Донгсонг, објви дека Тибет нема да биде изземен од најавената кампања за сузбивање на корупцијата.

„Некои обични претставници во регионот се откриени дека имаат сериозни корупциски акти. Некои претставници не успеале да заземат цврст политички став“, обвинил Је.

Во меѓувреме, тибетски висок претставник на Комунистичката партија соопшти дека локалната власт остро ќе ги казни претставниците што го следат далај лама или повикуваат на сепаратизам.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...