Кина и САД постигнаа рамковна согласност околу тровскиот спор, но Си и Трамп треба да ја одобрат

По дводневни трговски преговори во Лондон, двете страни се согласија на рамка за имплементација на договорот постигнат во Женева, но финалната одлука останува во рацете на лидерите на двете земји, Си Џинпинг и Доналд Трамп

-

Кина и САД ги завршија дводневните трговски преговори на високо ниво во Лондон со принципиелна согласност за рамка што ќе биде доставена до претседателот на Кина, Си Џинпинг и претседателот на САД, Доналд Трамп на финално одобрување.

„Двете страни се согласија во принцип за рамка за имплементација на консензусот“ што го постигнаа Си Џинпинг и Доналд Трамп за време на нивниот телефонски разговор минатата недела и оној од билтералните преговори на високо ниво во Женева минатиот месец, изјави главниот кинескиот преговарач Ли Ченганг а пренесе Саут чајна морнинг пост.

„Двете страни ќе им предадат извештај на нашите лидери за разговорите, како и рамковната спогодба што беше постигната во Женева. Се надеваме дека прогресот кој го постигнавме на состанокот во Лондон ќе влијае на зголемување на довербата помеѓу Кина и САД“, рече Ченганг.

Користејќи слична терминологија, „принципиелна рамковна согласност“, и секретарот за трговија на САД, Хауард Лутник рече дека американската делегација „ќе разговара со претседателот Трамп и ќе се осигура дека тој ја одобрува“.

Според Латник, обете страни работеле со дополнителен интензитет бидејќи имале поддршка од нивните претседатели. „Основната цел е зголемување на трговијата и намалување на трговскиот дефицит“, нагласи тој.

Преговорите се дел од поширок обид за смирување на тензиите меѓу двете најголеми економии во светот. И покрај привремениот договор за намалување на царините, трговските и технолошките спорови остануваат силно изразени. Средбата во Лондон уследи само неколку дена по телефонскиот разговор меѓу Си и Трамп, кога двајцата лидери се согласија да продолжат со преговори.

Кинеската делегација беше предводена од вицепремиерот Хе Лифенг, додека американската страна беше претставена од Лутник, секретарот за финансии Скот Бесент и трговскиот претставник Џејмисон Грир. Средбата беше опишана како „прва сесија од механизмот за економски и трговски консултации меѓу Кина и САД“.

Иако делегациите изразија надеж за одобрување на рамката и избегнување на повторно воведување високи царини, Грир предупреди дека некои разлики ќе останат. „Кога ќе ја имплементираме согласноста од Женева, тоа ќе ни овозможи да отвориме нови теми за дискусија. Но, некои сектори меѓу нашите економии едноставно не се компатибилни“, рече тој.

Времената пауза на царините помеѓу двете држави истекува на 12 август, освен ако не се продолжи договорот од Женева. Во меѓувреме, царините од САД кон кинеските производи се намалени од 145 на 30 отсто, додека царините во Кина за увоз на производи од САД паднаа од 125 на 10 отсто.

Но, Вашингтон продолжи со ограничувања на извозот на моторни и чип технологии кон Кина, и изрази загриженост поради бавното одобрување на извоз на ретки минерали од страна на Пекинг, клучна точка во трговските преговори.

Ретките минерали се особено чувствителна тема, бидејќи Кина контролира значителен дел од светските резерви. Американскиот Конгрес оваа недела расправаше за можноста да се изградат алтернативни синџири на снабдување преку трговски договори со Југоисточна Азија.

Барбара Вајзел од тинк-тенкот Карнеги ендаумент изјави дека ваквите договори треба да содржат „критериуми за доверливи синџири за снабдување со критични минерали“. Таа го посочи американско-јапонскиот договор како позитивен пример.

Европскиот парламент размислува за целосна забрана за лобисти поврзани со Амазон

Европскиот парламент разгледува можност да ја прошири забраната за лобирање што веќе ја има воведено за лобистите на Амазон, така што ќе ги опфати и сите лобистички групи и организации кои...

Трамп посредува за спас на крипто-законите во САД по застојот во Конгресот

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот интервенираше за да постигне договор меѓу републиканските конгресмени по застојот во Претставничкиот дом што го доведе во прашање усвојувањето на долгоочекуваната крипто-законска рамка, регулатива што...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Лекар од Струга со истечена лиценца, 4 години земал плата и додатоци

Четириесет и две годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, соопшти МВР. „Во периодот од 15 јули 2020 година, од кога му...

Европскиот парламент размислува за целосна забрана за лобисти поврзани со Амазон

Европскиот парламент разгледува можност да ја прошири забраната за лобирање што веќе ја има воведено за лобистите на Амазон, така што ќе ги опфати и сите лобистички групи и...