fbpx

Ким Јонг-ун сменил министер и погубил службеници

-

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го сменил министерот за државна безбедност, Ким Вон-хонг, поради злоупотреба на овластувањата и погубил неколку претставници на агенцијата за државна безбедност, соопшти денеска јужнокорејското Министерство за обединување.

Министерот Ким Вон-хонг е сменет на средината на јануари, откако неговата агенција се најде под истрага поради злоупотреба на власта и корупција, соопшти портпаролот на Министерството во Сеул, Џеонг Џун-хе.

– Ким Јонг-ун го смени Ким Вон-хонг, еден од своите најблиски соработници што го поддржуваа неговиот владин терор – рече Џеонг Џун-хе, додавајќи дека на поранешниот министер му е намален рангот од генерал со четири на ранг со една ѕвездичка.

Ненадејното отпуштање на министерот за државна безбедност би можело да придонесе за нестабилност на Северна Кореја, засилувајќи ја вознемиреноста на елитата, рече Џеонг Џун-хе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...