fbpx

Кијив: Украинските сили „зачудувачки“ напредуваат во источна Украина

-

Властите во Кијив денеска соопштија дека украинските вооружени сили молскавично напредуваат во контраофанзивата на истокот на земјата враќајќи голем дел од територијата која ја освои Русија по воената инвазија во февруари, јавува агенцијата Франс прес.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок во меѓувреме пристигна во украинската престолнина во ненадејна посета, за која рече дека треба да ја покаже поддршката на Берлин за Украина во нејзината битка против Русија.

„Украинските трупи напредуваат во источна Украина, ослободувајќи повеќе градови и села. Нивната храброст заедно со воената поддршка од Запад носи неверојатни резултати“, рече портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Олег Николенко во пост на социјалните мрежи.

„Клучно е да продолжи испраќањето на оружје во Украина. Поразот на Русија на бојното поле значи освојување мир во Украина“, додаде тој.

Неговата проценка за темпото на украинските придобивки дојде откако претседателот Володимир Зеленски доцна во петокот објави дека неговите војници повторно зазеле околу 30 градови и села во североисточниот регион Харкив, како дел од контраофанзивата.

Украинските сили се чини дека ги фатија руските трупи во голема мера неподготвени. Москва објави изненадувачко соопштение дека испраќа засилување во Харкив, со фотографии објавени на државните медиуми на кои се прикажани тенкови и артилерија и возила за поддршка како се движат во колони по земјени патишта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...