fbpx

КФОР ќе обезбеди ефикасно спроведување на договорот меѓу Косово и Србија: Барикадите ќе се тргнат утре

-

НАТО соопшти дека го поздравува договорот меѓу Косово и Србија за деескалација на ситуацијата во северно Косово.

Во изјава за медиумите, портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску рече дека мировната мисија на Косово, КФОР, „ќе игра клучна улога во обезбедувањето ефективна имплементација“ на договорот, пренесе „ЕјБиСи њуз Албанија“.

„НАТО продолжува силно да го поддржува дијалогот со посредство на Европската унија и другите напори насочени кон нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина. Ова е единствениот начин да се постигне траен политички договор за регионот и тој е клучен за стабилноста на целиот регион“, рече Лунгеску.

Таа најави дека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес ќе го прими претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина.

Од 20 септември, откако Владата на Косово одлучи возачите на автомобили со српски регистарски таблички да ги заменат со привремени регистарски таблички додека возат на Косово, локалното српско население во северно Косово ги блокираа граничните премини со Србија: Јариње и Брњак.

Слични мерки за автомобили со косовски регистарски таблички, Србија спроведува повеќе години наназад.

За да го надгледува процесот, Косово ги испрати и специјалните полициски единици РОСУ на северот на земјата.

Со договорот постигнат во четвртокот во Брисел, Србите ќе ги укинат блокадите, специјалните полициски единици ќе бидат повлечени од Јариње и Брњак и КФОР ќе бидат стационирани таму, додека налепниците ќе бидат привремено поставени на регистарските таблички на од страна на двете земји.

Постигнувањето на овој компромис ќе овозможи отворање на патот за сообраќај, повлекување на единиците на РОСУ, пишуваат медиумите во Косово.

Фото: Министерство за одбрана на Србија, 26.09.2021, српски воени единици во воената база Рудница близу границата со Косово, фотографирано при посетата на министерот за одбрана на Србија, Небојша Стефановиќ заедно со рускиот амбасадор во земјата, Александар Боцан-Харченко и началникот на Генералштабот на српската војска, генерал Милан Мојсиловиќ

Според овој договор, пренесува РТС, утре до 16.00 часот косовските специјални единици РОСУ ќе се повлечат од преминот кон Јариње.

Косовските Срби според јавниот медиумски сервис на Србија со олеснување го чекаа договорот, но тие и понатаму се на барикадите, додавајќи дека им е тешко да останат на барикадите, бидејќи таму се веќе две недели и условите се влошуваат.

Договорот меѓу Косово и Србија беше постигнат со посредство на Европската унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...