fbpx

Кежаровски доби условен отпуст

-

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал вчера го прифати предлогот на директорот на КПУ „Затвор Скопје – Скопје“ за условен отпуст на новинарот Томислав Кежаровски. Со тоа од 18 февруари до 27 јуни 2015 година Кежеровски ќе биде на условен отпуст, односно до истекот на издржувањето на казната.

Оваа одлука Судот ја донел во согласност со Законот за извршување санкции бидејќи Кежаровски веќе издржал повеќе од половината од казната затвор.

Сепак, против оваа одлука на Кривичниот совет, Јавното обвинителство има право на жалба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...