fbpx

Кери и Лавров во Лозана ги обновуваат разговорите за Сирија

-

Во швајцарскиот град Лозана, на чело со САД почнаа разговори за Сирија во кои учествуваат Русија и други регионални сили.

Покрај американскиот државен секретар, Џон Кери, и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во разговорите учествуваат и министрите за надворешни работи на Јордан, Турција, Египет, Катар, Иран, Ирак и на Саудиска Арабија.

Овој состанок е уште еден обид да се најде дипломатско решение за сирискиот конфликт кој трае повеќе од пет години.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред почетокот на разговорите во Лозана изјави дека шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, на тој состанок ќе предложи Турција да се придружи на широката офанзива на ирачката војска со поддршка на САД за враќање на ирачкиот град Мосул од рацете на џихадистите на Исламска држава.

Ердоган вчера предупреди дека доколку турскиот предлог биде одбиен, Анкара ќе мора да посегне по „план Б“, но не прецизираше што би можело тоа да значи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...