fbpx

Ќе се осветува новиот конак во манастирот „Пресвета Богородица“ во Заум

-

Денеска, со отслужување на света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, во сослужение со надлежниот митрополит г. Тимотеј и повардарскиот митрополит г. Агатангел,  ќе биде осветен новоизградениот конак на манастирот „Пресвета Богородица“ во месноста Заум, на брегот на Охридско Езеро.

Манастирот е лоциран на околу 20 километри од Охрид, на источниот брег од езерото, во близина на селото Трпејца. По својата убавина овој верски објект важи за еден од најубавите на брегот на Охридското Езеро. Според зачуваниот натпис, црквата е подигната и насликана во 1361 година од страна на Гргур за време на деволскиот епископ Григорие. Најновите истражувања покажуваат дека потекнува од 13 век.

Во септември 2013 година завршија активностите за конзервација на фрескоживописот во црквата. Пред неколку години, на црквата, која претставува едно од најзначајните поединечно заштитени споменички добра на територијата на Република Македонија, беа преземени и интервенции за конзервација на покривот и на покривната конструкција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...