fbpx

Ќе се конзервира иконостасот во црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп

-

Иконостасот во прилепската црква „Свето Благовештение“ годинава конечно ќе се конзервира. Министерството за култура го прифати барањето и проектот на „Завод и Музеј- Прилеп“ и одобри 300.000 денари за заштита на ова ремек-дело на зографот Петре Гарката, изработено пред 180 години, кога е и градена оваа црква во Прилеп.

Според стручњаците, иконостасот – резба во дрво, е со непроценлива вредност, рангиран на трето место по црковните иконостаси, по оној во Бигорскиот манастир и оној во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Но изминативе 30-ина години, ниту една влада досега не презела мерки за негово одржување, санирање на црвојадината што се појавила низ годините.

Намесникот на прилепското архиерејско намесништво на МПЦ-ОА, Благоја Станкоски предупредува дека постои опасност поради децениската негрижа иконостасот да падне врз верниците во црквата. Тој не крие дека со години доставувале барања до надлежните за негова што поскора конзервација, но сите биле одбиени.

– Години на ред, поднесувавме барање за да влеземе во приоритетната листа околу изработката на иконостасот, и постојано бевме одбивани со изговор дека „сега е доцна, средствата се пренаменети за други објекти“, „Поднеси барање пред истекот на годината“, „Чекавме сред лето да се реализира нашето барање, но добивме одговор дека средствата добиени од Министерството се многу мали, симболични, има поприоритетни предмети, кон нив се насочени средствата“,  и така повеќе од 20 години се одолговлекуваше оваа постапка. Да не речам дека се разочаравме од односот на тие власти, таму. Ние сме секој ден соочени со критики на населението. Не е далеку денот кога со оваа голема висина, маса што ја има, иконостасот може да падне кон народот, па да има и човечки жртви –  реагира отец Благоја Станкоски.

Директорот на „Завод и Музеј – Прилеп, најави дека за почеток министерството одобрило 300.000 денари за конзервација на иконостасот, а активностите тука нема да запрат.

– Иконостасот е оставен на негрижа веќе 30 години, кога беше извршена последната интервенција т.н. фумигација. Како вработени во институцијата укажувавме на сите претходни директори дека нова интервенција е неопходна. Нашата институција уште лани обезбеди средства со пренамена за итна санација на иконостасот. Проектот е изработен и го очекуваме решението од Министерството за култура, за да почнеме со активностите – вели директорот Благоја Атанасоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...