fbpx

Ќе се изработува план за управување со сливот на Охридското Езеро

-

Со 365 илјади долари одобрени од програмата на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) за Дримскиот проект, ќе се изработува прв заеднички интегрален План за управување со сливот на Охридското Езеро.

Вториот проект се однесува на развивање на систем за предупредување од поплави во Дримскиот басен за кој се одобрени 470.000 долари. Со одлуката за овие и неколку други проекти всушност се почнува со имплементирање на еден од најважните компоненти на ГЕФ, проектот за Дримскиот басен.

-Целта е да се идентификуваат сите еколошки, институционални и инфраструктурни празнини, да се изработи квалитетен план со квалитетни мерки за заштита и управување. Нашата задача беше да обезбедиме средства и можност за работа – вели Дејан Паневски, член на „Дрим-Кор“ групата.

Согласно работниот распоред, Планот за управување за сливот на Охридско Езеро треба да се изработи во наредниве 42 месеци. Во неговата изработка треба да земат учество широката заедница и јавност кои ќе ги дадат насоките за развој на сливот во еден долгорочен период.

Планот, освен што ќе биде визија за иднината и за управувањето со Сливот, воедно ќе биде и подготвен документ со кој институциите ќе може да пристапат кон донаторите или државните институции за реализирање на мерките кои ќе бидат оценети како приоритетни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....