Ќе се дигитализираат картотеките на Институтот за македонски јазик

-

Ќе се дигитализираат картотеките на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, одлучи Владата, а активностите, кои ќе чинат околу 80.000 евра, ќе треба да ги спроведе Фондот за иновации и технолошки развој.

Како што информираат од владината прес служба, Владата на 93-та седница ја разгледала и усвоила Информацијата за преземање активности во врска со дигитализацијата на картотеките при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”. Владата го задолжила Фондот за иновации и технолошки развој, средствата добиени од Министерството за култура во износ од пет милиони денари наменски да ги искористи за дигитализацијата на картотеките на Институтот, согласно со објавениот јавен повик.

Македонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

Македонија и Србија ќе ги испитуваат можностите за спојување со гасен интерконектор, кој треба ќе биде една нова директна врска меѓу од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот...