Казните за навреда и клевета кон новинари треба да се минимални, но и да се работи на проверка на фактите

-

Министерството за правда е во процес на изработка на измените на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета (ЗГОНК), а Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска организираше вебинар со експерти и новинари во функција на нивно консултирање за изработка на подобро идно законско решение.

На вебинарот „Нови трендови во локален и регионален контекст во законодавството за клевета и навреда“ (ДЕЛ 2), свое обраќање имаше претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски. Тој спомена дека денеска има околу 35 тужби за навреда и клевета кон новинари пред судовите во земјава. Претседателот на ЗНМ посочи дека тие често пати апелираат до судовите казните за новинарите да бидат минимални.

Министерката за правда Рената Десковска на денешниот вебинар истакна дека во изработката на претстојните измени на ЗГОНК ќе бидат вклучени новинарските здруженија и експерти. Таа појасни дека концептот на министерството е да нема превисоки казни.

„Казна која што ќе биде симболична, како лична сатисфакција на оној што му е повредено правото со одредена навреда и клевета, но не и казна која што ќе значи обесхрабрување на слободата на говор“, изјави Десковска.

Во делот на казните, судијката Мирјана Лазарова-Трајковска се надоврза на министерката и појасни дека постојат европски земји коишто сè уште ја задржале кривичната одговорност за навредата и клеветата, како што се Франција и Грција. Таа посочи дека иако навредата и клеветата во Франција се дел од кривичната постапка, многу поретко се посегнува по повисоки казни.

„Ќе видите поголем број на предмети каде што е изречена казна од 1 евро. Паричната казна треба да биде симболична. Пораката треба да биде пренесување на стандарди и принципи во делот на заштитата на оној чијшто права биле повредени со навредата и клеветата“, изјави судијката Лазарова-Трајковска.

Адвокатот Игор Марковски во рамки на вебинарот даде забелешки на актуелниот закон. Еден од овие проблеми што го посочи е дека тужбите за навреда и клевета се водат во судски постапки што не се итни, што повлекува тужените новинари да бидат изложени на долги постапки и на високи судски трошоци.

„Просекот на водење на една судска постапка е од година и пол до две години, што значи дека овие постапки се завршуваат преспоро“, констатираше адвокатот Марковски.

Тој предложи создавање на посебни судски одделенија за оваа тематика, во кои ќе бидат вклучени судии квалификувани со пракса и кои итно би ги завршувале судските постапки за навреда и клевета.

Елида Зулбеари, уредничка на содржините на албански јазик на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ истакна дека верува во саморегулација на медиумите и проверка на фактите, како и во континуирана едукација на новинарите и медиумските работници во оваа насока.

„Една од целите на „КриТинк“ е да се зголемат капацитетите на самите медиуми, да се справуваат со медиумски манипулации преку подобрување на медиумската писменост, во содејство со државните институции. Со начинот на анализирање на медиумските написи, ние како прво и на самите новинари, па и на граѓаните им го објаснуваме правилниот процес на правење вести. Ние не ги означуваме медиумите, туку нашата методологија е да се посочат лошите карактеристики на еден текст кој да кажеме дека ете, заслужува тужба“, изјави уредничката Елида Зулбеари.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...