Казни за телевизиите кои македонските содржини ги титлуваат на бугарски, побара пратеникот Богданов

-

Казни за бугарските телевизии што ги титлуваат на бугарски содржините на македонски јазик побара денеска Красимир Богданов, пратеник од „Обединети патриоти“, на комисиска расправа во бугарскиот парламент за годишниот извештај на бугарскиот Совет за електронски медиуми (пандан на македонската Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги).

Како што извести новинскиот сајт „Клуб Z“, Богданов смета дека не смее да се преведува од македонски на бугарски, оти македонскиот бил „регионална норма на бугарскиот литературен јазик“. Но во истата изјава, пратеникот од „патриотите“ потоа признава дека македонскиот не е лесно разбирлив за граѓаните на Бугарија.

– Го повикувам Советот за електронски медиуми (СЕМ) да изврши мониторинг на телевизиите кои користат титлување при емитувањето новости сврзани со Македонија. Тоа е крајно неумесно и треба да биде прекинато. Познат факт е, којшто бугарската наука одамна го докажала, дека јазикот што се зборува во таа држава, е регионална норма на бугарскиот литературен јазик. Уште повеќе, во еден голем дел од современите граници на Бугарија се користи токму тој дијалект. Во врска со тоа сметам дека е крајно неумесно централните бугарски медиуми да продолжат да користат титлови кога пренесуваат вести поврзани со Македонија – рече Богданов, тврдејќи дека на културните настани меѓу двете држави не се врши таков превод.

Тома Биков од владејачката ГЕРБ пак ги повика медиумите да не ја уриваат довербата во извршната, законодавната и судската власт, извести „Клуб Z“.

– Ова е една од можностите на една политичка трибина, каква што е парламентот, политичарите да го кажат своето мислење за медиумите. Тоа се случува еднаш во годината. Денеска e тој ден. А денеска не слушнав за 111. место според слободата на говорот, на кое се наоѓа Бугарија. Ме интересира што ќе чуев од „лево“ во овој момент, точно во овој контекст, во којшто сите бугарски медиуми се ангажирани со проверки, новинарски истражувања, а понекогаш и со линч на политичари – рече Биков, бранејќи ја власта на својата партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентското собрание на УКИМ со реакција за зголемените трошоци: Образованието мора да остане достапно за сите

Како Универзитетско студентско собрание, ги разбираме предизвиците со кои се соочува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во справувањето со трошоците. Меѓутоа, сметаме дека најголемиот дел од овие финансиски...