Казни во Битола: Кафулиња служеле алкохол на малолетници, примале гости без сертификати

Photo: Concord90 @pixabay.com

Во контроли на подрачјето на Битола околу полноќ, во две кафулиња биле откриени гости без сертификати и било утврдено дека на малолетници им се служи алкохол, соопшти МВР.

Станува збор за кафе бар на булевар „1 Мај“ и бар на улицата .Рајко Жинзифов во Битола. Контролите се извршени во времето од 22.30 часот вчера до 30 минути по полноќ денеска.

Службениците на Државен пазарен инспекторат затекнале четири лица без ковид сертификат, а регистрирано е и точење алкохолни пијалоци на 17 малолетници, за што се изречени соодветни санкции.