Во текот на изминатото деноноќие, во земјава припадниците на МВР откриле 754 граѓани што не носеле заштитни маски, односно не ја почитувале мерката изречена од Владата за заштита од ширење на корона вирусот и на болеста ковид-19.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со ковид-19.