fbpx

Кавги во битолскиот совет за тоа кој е поголем криминалец, Груевски или Заев

-

Каде да се донираат 1 милион денари, пари од откажаната новогодишна прослава во Битола, и како да се поделат овие средства беше една од точките на дневниот ред од седницата на Советот на Општина Битола, која денеска се претвори во жестока расправија меѓу власта и опозицијата, ама тргна и во сосема друг правец, па советниците се расправаа зошто мандатарот Никола Груевски не успеа ноќеска да формира влада.

– Вие не направивте влада поради криминал, а не поради нешто друго, и изборите на 11 декември беа поради криминал – рече Валентин Груевски, советник на ЛДП во Битола.

Дискусијата од говорницата веднаш предизвика реакции кај советниците од власта, па советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Пеце Милевски, довикуваше „Поради криминалот на Заев, срамота, срамота“.

Советничката од власта, Соња Трпезановска, дури излезе и на говорница и истакна дека опозицијата има лидер кој е снимен со скриена камера, како бара поткуп.

– Ете, СЈО требаше да открие кој прислушува и кој уценува, и од тоа се откажавте. Значи, темата криминал за вас треба да биде табу-тема – рече Трпезановска.

Инаку, советниците од власта предлагаа 500.000 денари од парите што требаше да се потрошат за новогодишна градска прослава, да се наменат за сензорна соба во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“. Опозицијата, пак, предлагаше не делумно, туку собата целосно да се направи со овие пари, односно од вкупната сума за оваа намена да се употребат 800.000 денари, а другите пари да се поделат на семејства кои се социјално загрозени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...