Католиците го слават Велигден, честитки од Пендаровски, Ковачевски и Џафери

-

Верниците на Римокатоличката црква, кои се раководат според Грегоријанскиот календар, денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден. Честитки до католиците во земјава и во светот упатија претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Годинава Велигден се празнува во време на голема неизвесност и на човечки страдања предизвикани од бројни кризи, воени жаришта, елементарни непогоди и социјални неправди. Особено се погодени најранливите меѓу нас. Велигденската порака нѐ поттикнува, да се поистоветуваме со оние коишто страдаат и со длабока хуманост, солидарност и со емпатија да се застапуваме за мир, за социјална правда и за општество со еднакви можности за сите. Повикани сме да ги поткрепиме оние на коишто им е најпотребна помош, бидејќи малите чекори на добрина можат да направат големи промени во заедницата, напиша Пендаровски во честитката.

Претседателот на Владата Ковачевски, во писмо до монсињор д-р Киро Стојанов, упати честитки за најголемиот христијански празник Велиден, и посака добро здравје, мир, разбирање и лична и колективна благосостојба за сите.

„Големите празници секогаш носат голема духовна сила. И овој празник, што ја слави победата на животот над смртта, нека ја обнови вербата кај секого дека храбрите дела, базирани на љубовта и меѓусебното разбирање, се патот до заедничкото добро. Посакувам празникот на Христовото Воскресение да го поминете меѓу најблиските, во радост и спокој“, напиша премиерот Ковачевски.

Централното одбележување во земјава се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде што беше отслужена Воскресна литургија. На литургијата, која ја предводеше скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов, присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски и други.

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило “ по...

Руските вооружени сили продолжуваат со воените операции во Украина

Руската војска потврди дека нејзините сили ги продолжиле нападите врз Украина по  „велигденскоти примирје“, пишува Гардијан.  „Со завршувањето на примирјето, вооружените сили на Руската Федерација продолжија да ја спроведуваат специјалната воена операција“,...

Почина папата Франциск

Папата Франциск почина на 88-годишна возраст, соопшти Ватикан. Поглаварот на Римокатоличката црква, кој беше бискуп на Рим и духовен водач на повеќе од милијарда верници, стана папа во 2013 година, откако неговиот...

АХВ: Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници. Кај 16 оператори со контролите утврдено е дека незадоволителни биле хигиенските барања за...

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило...