Каталонскиот парламент прогласи независност од Шпанија

-

Пратениците на каталонскиот парламент денеска на тајно гласање прогласија независност на Каталонија од Шпанија. Гласањето го бојкотираа пратениците од опозицијата.

Каталонскиот парламент гласаше за почнување на конститутивен процес за одвојување на Шпанија со 70 гласа „за“, 10 „против“ и два неважечки, јавува каталонскиот весник „Вангвардија“.

Расправата во каталонскиот парламент траеше неколку часа, а ја одбележа остра поделба во поглед на барањето за независност. Портпаролот на водечката опозициска партија во каталонскиот парламент го искина на парчиња предлогот на сепаратистите за прогласување независност на регионот.

Граѓаните што се собраа пред зградата на парламентот со овации ја поздравија одлуката.

Шпанскиот Сенат денеска во 15.30 часот по локално време треба да гласа за членот 155 од шпанскиот Устав, кој овозможува преземање контрола над надлежностите на Каталонија, јавува шпанскиот весник „Ел Паис“. Гласањето беше закажано пред каталонскиот парламент да прогласи независност.

Народната партија на премиерот Маријано Рахој има мнозинство во Сенатот, така што се очекува дека неговиот предлог за активирање на членот ќе биде прифатен.

Седницата почна во 10 часот, а весникот пренесува дека премиерот Рахој во еден момент ја напуштил седницата. Тој претходно најави дека прв потег на шпанската влада е смена на лидерот на Каталонија, Карлес Пучдемон.

Јавното обвинителство отвори истражна постапка за 27 лица и три компании во врска со пожарот во Кочани

Јавното обивинителство отвори истражна постапка против 27 лица и три компании за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која ноќта на 16 март загинаа 59 а повредени се над 190...

Аеродромот Хитроу е затворен поради пожар кој избувна во трафостаница што предизвика прекин на струјата

Британскиот аеродром Хитроу од утрово е целосно затворен откако пожар предизвика прекин на струјата, нарушувајќи летови за илјадници патници на најфреквентниот европски транспортен центар, пренесува Асошиејтед Прес. Според сервисот за следење летови...

Пожарот во Кочани не е злодело на прозападната власт со цел уништување на Македонците

Пожари со многу жртви имало и во Русија (во ноќниот клуб Хромаја лошад во Перм во 2009 г., трговскиот центар Зимњаја вишња во Кемерово во 2018 г. или кафулето Полигон во...

Амбасадорот Адеми: Во Мадрид донесени седуммина повредени во Кочани

Македонскиот амбасадор во Шпанија, Едмонд Адеми, објави на социјалните мрежи дека вечерва во Мардид пристигнале седуммина повредени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година во...

Јавното обвинителство отвори истражна постапка за 27 лица и три компании во врска со пожарот во Кочани

Јавното обивинителство отвори истражна постапка против 27 лица и три компании за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која ноќта на 16 март загинаа 59 а повредени се...