Ја пренесуваме во целост колумната на специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс, во врска со тековните геополитички случувања од важност за регионот:
За Обединетото Кралство, инвестирањето и ангажирањето со земјите од Западен Балкан е геостратешки императив во услови на зголемена глобална неизвесност и непредвидливост. Во исто време, целта на ОК е да им помогнеме на земјите од регионот да ја завршат својата евроатлантска интеграција и да обезбедат подобар, постабилен и попросперитетен живот за своите граѓани.
На 22 октомври, британскиот премиер, Сер Кир Стармер, ќе биде домаќин на лидерите од Западен Балкан на Самитот на Берлинскиот процес во Лондон, како дел од годината во која Обединетото Кралство е претседавач со оваа европска иницијатива. Премиерот и неговите регионални колеги, заедно со 9 европски партнери и ЕУ, ќе ја унапредат соработката на проекти во 3 клучни области: миграција и криминал, безбедност и раст.
Обединетото Кралство ќе соработува непосредно со регионалните невладини организации и меѓународните финансиски институции за да се постигне резултати во однос на овие столбови.
Според Карен Пирс, визијата е погрижување за 2025 година да го означи почетокот на период во кој ќе се реализира потенцијалот на регионот. 80-годишнината и 30-годишнината од крајот на Втората светска војна и Сребреница нè потсетуваат на големите зла што им се случија на луѓето од регионот во минатото.
„Наследените предизвици остануваат, некои од нив се длабоки, како што покажува моменталната криза во Босна и Херцеговина. Сепак, 80-годишнината од основањето на Обединетите нации, 50-годишнината од Завршниот акт на Хелсинки и 30-годишнината од Дејтонскиот/Парискиот договор можат да нè насочат и кон иднината и да нè потсетат на она што може да се постигне преку имагинацијата, толеранцијата и помирувањето.“ стои во колумната на Пирс.
“Исто така, ќе промовираме можности за зголемување на економскиот раст во насока на унапредување на евроатлантската интеграција, имајќи ја предвид огромната желба на граѓаните од регионот да се приклучат кон ЕУ, а во многу случаи и кон НАТО. Ќе ги прошириме врските меѓу оние што го претставуваат граѓанското општество, младите и родовата еднаквост и ќе ги славиме културата и креативните индустрии на земјите во регионот. Ќе ги поттикнеме учесниците во пронаоѓањето на меѓусебни области за соработка и иновации, а истовремено ќе ги поттикнеме и во изнаоѓањето на конкретни начини за спроведување на обврските од претходните години во пракса. На пример, од различни причини, напредокот со личните карти и признавањето на квалификациите за високо образование е во застој. Ќе бараме креативни начини за постигнување на меѓусебно признавање и олеснување на патувањето низ целиот регион. Ќе ја поддржиме брзата имплементација на двата договори за признавање на професионалните квалификации и ратификацијата на договорот за пристап до високо образование и прием на студиски програми. Тоа ќе направи вистинска разлика за луѓето од шесте земји од Западен Балкан.“ нагласи Пирс во нејзината колумна.
Обединетото Кралство ја ревитализира својата улога во Европа, а клучен дел од ова е зајакнувањето на нашите партнерства во Западен Балкан. Првата посета на британски премиер на Албанија и посетите на министерот за надворешни работи, Дејвид Лами, на Косово, Србија и Босна и Херцеговина го нагласуваат овој освежен пристап. Обединетото Кралство долго време игра клучна улога во регионот и ќе продолжи тоа да го прави, преку поддржување на стабилноста, безбедноста и просперитетот, а воедно и преку поддршка на земјите во модернизирањето на нивните економии и заземањето на нивните заслужени места во една ваква модерна Европа. Подготвени сме да ги зајакнеме овие партнерства за да помогнеме во завршувањето на оваа важна работа.