Северна Македонија ќе стои во предворјето и ќе чека, рекол денеска бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов пред новинарите кои го чекале во бугарската влада, јави порталот „Топ Новини“. Тој порача и дека Македонија „направила голема глупост“ со одбележувањето на 11 Октомври.

Тој рекол и дека уште не се запознал со она што се дискутирало на последниот состанок на заедничката бугарско-македонска комисија за историските прашања, а прашан дали има шанси прашањето за Гоце Делчев некако да се надмине, тој рекол дена никогаш нема да се согласи да се прави компромис со бугарската историја.
-Кога веќе нема шанси – ќе стојат во предворјето и ќе чекаат. Никогаш нема да се согласам со фактот да направиме компромис со бугарската историја во името на тоа скопските политичари да одат и да се перчат во Брисел – вели Каракачанов.

Според него, пред неколку дена Северна Македонија направила голема глупост со тоа што на 11 октомври државата го празнувала „востанието против бугарскиот фашистички окупатор“ и прашува зошто Македонците не го празнуваат 20 април 1941 година, „кога целиот македонски народ со леб и сол ги дочекувал бугарските војски“.