fbpx

Каракачанов: Путин да ја исправи грешката, словенската писменост е бугарска

-

Руската политика никогаш не била фер кон Бугарија и бугарската историја, вели бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, по повод изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека словенската писменост е дојдена од Македонија.

Каракачанов, кој е лидер на бугарската партија ВМРО вели дека благодарение на бугарската азбука и Русите имаат писменост.

– Целиот културен проект словенска азбука е дело на бугарската држава. Очекувам идниот 24 мај рускиот претседател да биде поподготвен – рече Каракачанов, додавајќи дека проектот Македонија е проект на Коминтерната – под закрила на Москва.

Во реакцијата на ВМРО – Бугарско национално движење по изјавата на Путин се вели дека Русија треба да престане да прави политика од историјата.

„Руската империјална политика има огромна вина за создавањето на крајниот македонизам. Русија повторно поттикнува слични манифестации. Изјавата дека Св. Климент е македонски светец, можат да биде прифатена само дека исто им значи и на Македонците и на Бугарите. Науката тоа одамна го знае. Нашите браќа од Македонија нека се гордеат со делото на Св. Климент Охридски – ние немаме против општата прослава на нашата заедничка минато. А азбуката достигнува до денешна Русија од македонската земја – а земјата до средината на дваесеттиот век е само географска ознака. Името Македонија е свето за секој Бугарин. Нашите браќа во Скопје имаат право да уживаат, но не треба да ја фалсификуваат историјата“, стои во партискиот став.

Претходно на изјавата на Путин реагираше и бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој истакна дека не е важно кој од каде поминал и дека тоа не е европски пристап.

– Важно е дека близу 300 милиони луѓе читаат и пишуваат на кирилица и на крајот на краиштата ја збогатуваат европската култура. Какво значење има од каде поминале – праша Борисов.

Според бугарскиот историчар Божидар Димитров изјава на рускиот претседател е скандалозна. Тој истакна дека кога помислил дека станува за лажна вест.

– Вистината е следнава – во времето на Кирил и Методиј, Македонија веќе 200 години била дел од Бугарија. Значи, каква Македонија, какви приказни. Нема такво нешто. Она што го знаеме како официјална руска позиција е дека рускиот патријарх изјави дека азбуката, писменоста и христијанство Русија ги добила од Бугарија – вели Димитров

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...