fbpx

Капорш доби 800.000 евра за изградба на атмосферска канализација

-

Светската банка ѝ даде 800.000 евра кредит на Општина Карпош. Како што велат од Општината, станува збор за подзаем што таа го зема од Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП2).

Парите ќе се искористат за да се изградат атмосфрерски канализации и да се направат реконструкции на улиците Анкарска, Багдадска, Алжирска, Борка Талевски, Влае, Франц Прешерн и Корушка и за реконструкција на коловози и на тротоари на улиците Прашка и Струшка.

Општината ќе има 13 години да го исплати долгот, со три години грејс-период. Како што велат од Општината, главна цел на овој заем е да се обезбеди сообраќајна удобност, практичност и безбедност за сите учесници во сообраќајот преку подобрување на коловозот и на тротоарите на улиците.

Министерот за финансии Зоран Ставревски, истакна дека кредитот, за кој гарант е Владата на Република Македонија, е со 0,6 отсто камата и засега искористеноста од проектот за поддршка на општините што е во соработка со Светската банка е на високо ниво. Од вкупно 56 милиони евра, 34 општини веќе искористиле 26 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...