fbpx

Кандидатот на ДУИ победи во Дебар, Охрид и Ново Село одат во втор круг

-

Хекуран Дука, кандидатот на ДУИ, е нов градоначалник на Дебар. Тој на вчерашните вонредни локални избори за градоначалник освои над 50 отсто од гласовите пред противкандидатот Арбен Аголи од Алијансата за Албанците.

За разлика од Дебар, во Охрид и во Ново Село ќе има втор круг на гласање. Во Охрид според податоците од изборниот штаб на Константин Георгиески, кандидатот на СДСМ добил 13.038 гласа, пред противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 10.613 гласа. Тие ќе ги одмеруваат силите во вториот круг, кој ќе се одржи на 5 мај.

Во Ново Село, во втор круг одат Никола Андонов од СДСМ и Николчо Стоилков од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради изборите, Владата ги прогласи 24 април и 8 мај за неработни денови за сите граѓани

Владата на денешната седница заклучи дека 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради...