fbpx

Канческа-Милевска: Вевчанскиот карневал ги негува традицијата и обичаите

-

Вевчанскиот карневал е препознатлив за Македонија, со него се негуваат традицијата и обичаите, рече министерската за култура Елизабета Канческа-Милевска на отворањето на карневалот, додавајќи дека Вевчани е престолнина на македонската гостопримливост.

– Велат дека на ниту едно место во Македонија, традицијата не се чува како семејна вредност како овде, на надалеку прочуениот Вевчански карневал, кој секоја година, со црвено вино на Василица, нè обединува сите нас, сите добронамерници со карневалски дух од целиот свет. Вевчани е престолнина на македонската гостопримливост, Вевчани е дел од нашата богата македонска изворна традиција, која сите ние љубоморно и грижливо ја негуваме и ја пренесуваме на секоја нова генерација – рече Канческа-Милевска.

Според министерката, преку Вевчанскиот карневал покажуваме дека обичаите и културата на македонскиот народ не изумираат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...