Либералната партија на канадскиот премиер Џастин Трудо е победник на предвремените избори што се одржаа во Канада, јавува Гардијан. Либералите освоија 156 места во парламентот од неопходните 170 за формирање на новата влада. Конзервативната партија пак се стекна со 121 место во парламентот.

Со ваквите изборни резултати, премиерот Трудо е на чекор пред обезбедување на трет мандат за да ја предводи Канада. Гардијан пишува дека тој ќе треба повторно да се преговара со помалите политички партии за да го формира новото парламентарно мнозинство, што всушност и беше причината за да ги свика предвремените избори.

Премиерот Трудо се надеваше дека свикувањето на изборите во август ќе му помогнат да го зголеми бројот на пратенички места, но изборните резултати сепак не го покажуваат тоа.

Од опозициската Конзервативна партија веднаш по објавувањето на изборните резултати рекоа дека Канаѓаните не му го дале мнозинството коешто тој го побарал од нив, додека изборните трошоци достигнале 600 милиони долари.