fbpx

Кампања 16 дена женски активизам: „Многу мајки трпат сè бидејќи немаат каде“

-

Во екот на кампањата 16 дена женски активизам, од организацијата „Младите на една може“ споделија фотографии од изминатите активистички маршови и протести на кои имаат учествувано токму тие. Нивната мисија е да ги поддржат сите деца, млади, девојки и жени кои излегуваат од насилни средини и го почнуваат животот одново.

Оние кои трпат насилство, може помош да побараат или на 193 во полиција или пак, на телефонскиот број 070/075/077 141 700.

„Доколку сте или сте биле во ваква ситуација и ви е потребна помош може секогаш да ни се обратите, ќе ги искористиме сите ресурси за психолошка, правна и социјална помош кои ги имаме да ви помогнеме“, нагласуваат оттаму.

Најпозната форма е семејното насилство каде што спаѓаат економската зависност, психолошка тортура, емоционално насилство, физичко и сексуално насилство. Освен тоа овде е и онлајн (дигитално) насилството, односно сајбербулинг како и доксинг – споделување или јавно објавување на приватни или идентификациски информации/ фотографии за жртвата.

Во овие денови претставници на државните институции како и невладиниот сектор, го одбележуваат шестанесетдневниот женски активизам. Пред два дена, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се обрати на трибината „Мултисекторски пристап за ефикасна заштита на жени и девојчиња изложени на насилство“, во организација на Македонскиот полициски синдикат и невладината организација ЕХО што се одржа во општина Прилеп. Тој кажа дека низ призмата на полициската практика, се постигнати добри резултати во демистифицирањето на проблемот и во санкционирање на овие кривични дела, но и дека има уште многу да се работи во неговото превенирање и решавање.

„Само во периодот од јануари до крајот на септември годинава на ниво на државата евидентирани се 809 кривични дела од областа на семејното насилство, за кои кривично пријавени се 836 лица, а од евидентираните 863 жртви – 669 се жени, односно најмногу сопруги, вонбрачни сопруги, мајки, ќерки. На овие показатели за истиот период треба да се додадат и 290 констатирани и санкционирани прекршоци и 3.131 поплака против членови на семејството, каде што 68 отсто од жртвите за психичко, физичко или економско малтретирање се жени“, рече Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак од четврток во уметничкиот центар Арт Хаб

Во четврток во уметничкиот центар Арт Хаб ќе биде отворена изложбата на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак. На изложбата ќе бидат презентирани ретките сочувани дела на...