Сообраќајна несреќа во која има двајца повредени, се случи утрово на скопската обиколница. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, камион се превртел на патот, заради што и сообраќајот на еден дел од обиколницата беше отежнат.

Според првичните информации од полицијата, товарното возило со косовски таблички, излетало од патот и се превртело во канал. Во несреќата со повреди се здобиле возачот на камионот и еден сопатник, кои се пренесени на лекување во комплексот клиники „Мајка Тереза“.